Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com
This free e-book was created with
Ourboox.com

Create your own amazing e-book!
It's simple and free.

Start now

Априли-ли-ли момент

  • Joined Mar 2016
  • Published Books 2
Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com
Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com

1.

Јована Видевска VII 2

 

Ова се случи пред околу четири години кога требаше да одиме сите заедно на училиште. Беше први април и бевме собрани јас и моите другарки. Сите бевме облечени во различни шарени костуми: принцези, зајачиња, вештерки…

Одејќи по патот постојано кажувавме шеги, но оваа најважната беше воедно смешна за нас, но и страшна за Габи. Мојот брат со себе носеше играчка змија, ама таа изгледаше многу вистински. Ние, другарките, се договоривме да се пошегуваме со Габи. Заврзвме конец за змијата и другиот крај незабележливо го закачивме за Габи. Решивме на Габи да ѝ кажеме дека ја брка змија.

 

 

4

Одеднаш писнав: „Змија!” … и сите почнавме да трчаме. Но змијата беше врзана за Габи и се влечеше зад неа. Ние „се спасивме” од змијата, а Габи продолжи да бега. Змијата ја „бркаше“, а таа од страв не забележуваше дека тоа всушност е играчка и е врзана за неа. Таа трчаше најбрзо што може и врескаше најгласно што може, а ние од страна слатко се смеевме. Но стана уште полошо, зашто Габи беше премногу исплашена. Се сожаливме и ја сопревме и ѝ ја кажавме вистината.

 

Најпрво ни беше лута, но се смиривме. Сепак беше Денот на шегата.

5
Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com

2.

Aња Прчева VII 4

 

Еден училишен ден, влегувајќи во училницата, забележавме дека наставничката во својата рака држи бели листови. Полека седнувајќи на своите столчиња, наставничката на таблата почна да запишува задачи по математика. Таа рече дека ќе правиме тест.

 

На почеток, ниту еден од нас не сакаше да пишува бидејќи претпоставувавме во што е работата, но подоцна почнавме. Таа изгледаше сериозна. Го направивме тестот, го прегледа пред нас и нѐ оцени, а потоа ги искина листовите. Сепак било шега. Продолживме да се смееме, и така часот заврши.

7

3.

Јана Стојковска VII 4

 

Еден ден заедно со вујко ми и братучедите тргнавме со автомобил во кино. На семафорите во близина на железничката станица еден човек ги чистеше стаклата на возилата. Се доближи до нашиот автомобил. Тој на вујко ми му побара пари и вујко ми му даде. Во тој момент човекот му кажа дека му е дупната гумата и кога вујко ми излезе надвор од автомобилот тој му рече „априли- ли- ли“. Сите се насмеавме бидејќи навистина беше 1ви Април, Денот на шегата, а гумата не беше дупната.

8
Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com
Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com

4.

Ангела Георгиевска VII 2

 

Кога бев трето одделение, бевме на екскурзија во Стар Дојран. Додека шетавме со наставничката, веднаш до патот имаше една река која се влеваше во Дојранското езеро. Всушност, тоа беше мала, тесна рекичка како канал. Наставничката цело време нѐ опоменуваше да стоиме понастрана од реката за да не се лизне некој. Некои од децата беа непослушни. Еден од соучениците се движеше до рекичката, некако се лизна и падна. Тогаш сите почнавме да се смееме, а тој да плаче. Веднаш откако нѐ виде дека се смееме и тој почна да се смее. Наставничката веднаш го извади од реката и почна да го кара.

11

5. 

Ребека Костовска VII 3

 

Беше зимски распуст и времето беше студено. Седевме кај другарка ми дома и ги разгледувавме книгите на мајка ѝ. Таа најде еден готвач полн sо рецепти. Името на авторот беше Светлана. Сѐ започна како шега и Светлана стана новата „измислена’’ најдобра другарка.

Вечерта излеговме со другарка ми. Влеговме во „Рамстор“, и разгледувавме што да купиме за јадење. Ја прашав другарка ми, а таа се потргна од мене и ја праша својата замислена другарка, Светлана.

12

Јас и еден чиовек од обезбедувањето кoјшто застана до нас, ја гледавме другарка ми зачудено. Таа нѐ погледна и почна да се смее. Луѓето кои проаѓаа покрај нас, застанаа да видат што се случува. Таа почна да вика и да го кажува одговорот кој го добила од Светлана. Сите нас нѐ гледаа. А и имаше причина. Многу е невообичаено да видиш девојче сред маркет да разговара со воздухот. Таа го погледна човекот од обезбедувањето и му кажа да не ја гледа така зачудено и излезе од маркетот.

Дури и денес кога ќе го видиме човекот од обезбедувањето, тој нѐ гледа чудно.

13
Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com

6.

Лина Ориѓански VII 2

 

Една вечер се спремав за роденденската забава на мојата другарка. Иако знаев дека ќе задоцнам, сепак решив да одам.

 

Беше премногу студено, а јас брзав и поради тоа ме однесоа со автомобил. А кога стасав на предвиденото место, пред да влезам на забавата, погледнав од прозорецот на просторијата каде што се славеше роденденот, и ми се виде како да се тие деца. Сепак, кога влегов внатре, видов дека тоа е всушност роденден на друго девојче кое што не го ни познавав. Веднаш излегов и побрзав да стасам на роденденот на мојата другарка.

15

7.

Mарио Спиров VII 4

 

Еден ден јас и мојот другар Атанас одевме на тренинг. И двајцата мислевме дека е петок, а беше четврток. Кога отидовме, на игралиштето немаше никого. Му се јавивме на тренерот и ни кажа дека е четврток. Почнавме да се смееме. Зедовме топка и си игравме. Ова навистина беше смешен момент.

16
Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com
Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com

8. 

Филип Костов VII 2

 

Беше летен сончев ден, средината на јули. Јас и моите пријатели отидовме заедно на базен за да ја искористиме убавината на денот. Стигнавме рано, па водата сѐ уште беше студена. Затоа одлучивме да почекаме да се потстопли и потоа да влеземе. Во меѓувреме шетавме околу базенот и зборувавме. Одеднаш еден од моите другари се сопна и губејќи рамнотежа падна во студениот базен. Сите почнавме да се смееме, а тој нѐ гледаше намрштено од водата. Потоа му помогнавме. Тој ден ни помина задевајќи го него за тоа што се случи. И денес се смееме на таа случка.

19

9.

Филип Нешкоски VII 5

 

Ова се случи минатата година, кога едно утро отидов во тоалет да се подготвам за во училиште и со мене го понесов мојот телефон за да слушам музика. Слушав музика неколку минути, а кога ја ислушав и последната песна, го оставив телефонот на рачката за пуштање вода која се наоѓа на казанчето. Несакајќи, ја повлеков рачката и телефонот падна во ВЦ шољата. Кога го извадив, тој сиот беше во вода, а таа беше влегла дури и во екранот. Требаше да го сушам три дена и на крај проработи. За моја среќа, ја преживеал несреќата.

20
Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com
Априли-ли-ли момент by Валентина Петрова - Illustrated by internet - Ourboox.com

10.

Марија Сталевска VII 4

 

Минатото лето братучед ми имаше роденден. Тој многу сака компјутерски игри, па затоа одлучив да му купам една за подарок. Отидов во блискиот супермаркет и купив една игра. На продавачката ѝ реков да ми ја завитка во украсна хартија. Едно девојче чекаше до мене. Таа чекаше продавачката да ѝ завитка едно пакетче хулахопки. Кога отидов кај братучед ми, му го дадов подарокот, а тој набрзина го отвори и што да видиме: пакетче хулахопки. Почнавме да се смееме и тогаш се сетив на девојчето што стоеше до мене во супермаркетот.

23
This free e-book was created with
Ourboox.com

Create your own amazing e-book!
It's simple and free.

Start now

Ad Remove Ads [X]
Skip to content